Требаше да биде наследникот на Меси, а сега ќе добие нова улога во Барселона

Бојан Кркиќ своевремено важеше за еден од најдобрите фудбалери и само со 17 години 19 дена дебитираше за првата екипа на Барселона. Сите го гледаа како наследник на Лео Меси и во првата сезона постигна 12 голови за Каталонците.

Сепак, неговата кариера не течеше според планот. Во 2011 следуваше трансфер во Рома, а потоа играше и за Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес, Монтреал и за Висел Кобе, каде што пред два месеца само на 32 години ја заврши фудбалската кариера.

Сега има понуда налето да се врати во Барселона, но во нова улога. Поради реорганизацијата во клубот, тој треба да добие функција која досега не постоела во клубот. Планот на раководството е тој да биде врската помеѓу првата екипа и академијата и со своето искуство да им помогне на младите фудбалери како да се носат со притисокот и паниката.

- Оглас -

Најнови вести