Требаше да биде новиот Меси во времето на Гвардиола во Барса, а сега игра во четврта лига

Гаи Асулин е израелски фудбалер кој пред 10-тина години беше најавуван како новиот Лионел Меси во Барселона. Израелецот беше дел од младинскиот тим на Барселона, а Пеп Гвардиола тогаш го најавуваше како голем талент, дури и како можен наследник на Лионел Меси.

Гвардиола му даде шанса на Асулин да заигра и во првиот тим на Барселона, во меч од Купот на Шпанија, а потоа следуваше и повик за сениорскиот тим на Израел. Асулин дебитираше за сениорскиот состав на Израел само на 16 години и стана најмлад дебитант во националниот состав.

Сепак, потоа следуваа чести повреди на Гаи и пад во формата на играчот. Од Барселона го загубија интересот и решија да го продадат во Манчестер сити. Тоа беше во 2010 година.

Талентот не доби шанса ни во Манчестер сити, а по две години поминати кај Граѓаните, следуваше негово враќање во Шпанија. Играше за Сантандер, Гранада, Херкулес, Мајорка, а потоа имаше кратки авантури во Израел, Казахстан и Романија.

Некогашниот талент сега има 29 години и е дел од италијанскиот четвртолигаш Крема од истоимениот град во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести