Најмалку три лица се повредени во пукањето и нередите кои се случија пред почетокот на пријателскиот меч меѓу Панатинаикос и АЕК Ларнака. Навивачите на двата тима биле договорени да имаат пресметка пред мечот, а пред стадионот започна хаосот.
Ескалацијата се случи кога еден од навивачите извадил пиштол и започнал да пука. Тогаш бил ранет еден човек во ногата, а потоа биле повредени уште двајца со прострелни рани. Едниот е погоден во стомакот, а другиот во рака. Сите повредени се надвор од животна опасност.
Полицијата реагираше и ги смири нередите, а на крајот се уапсени преку 70 луѓе. И покрај овој сериозен инцидент, пријателскиот меч се одигра, а Панатинаикос победи со 3:1.