Требаше да биде спектакл, испадна дебакл – Вестбрук имаше повеќе загубени топки од поени во дебито за Лејкерси (Видео)

Требаше да биде спектакл, но испадна дебакл дебито на Расел Вестбрук за Лос Анџелес лејкерс. Новиот бек на најтрофејнито клуб во НБА лигата и голема кошаркарска ѕвезда го одигра првиот меч за Лејкерси и постигна само два поени, а имаше дури шест загубени топки за нешто помалку од 18 минути игра.

Голден стејт вориорс славеа со 121:114 во подготвителен меч пред сезоната што треба да почне за една седмица. Вестбрук е големото засилување на Лејкерси, но почетокот му беше лош, за негова среќа сепак на пријателски меч.

Кај Воините блескаше Стефон Кари со 30 поени, а Пул постигна 28. Кај гостите од Лос Анџелес најефикасен беше Двајт Хауард со 23 поени и имаше и 12 скока.

Леброн Џејмс имаше речиси идентична минутажа како и Вестбрук и постигна 9 поени. За Лос Анџелес лејкерс не играше третата голема ѕвезда Ентони Дејвис кој е повреден.

 

- Оглас -

Најнови вести