На традиционалниот предновогодишен училишен меч во американски фудбал попознат како Милитари Бол, се случи голем инцидент. Играа екипите на Н.Ц. Стејт и Источна Каролина, а на крајот гостите победија со 26:21. Сепак, мечот остана во сенка на масовната тепачка која се случи во финишот на средбата.
На теренот прво имаше вербална расправија на играчите, а потоа се случи и тепачка во која учествуваа голем дел од членовите на двата тима. Едноставно немаше кој да ги раздели и да ја смири ситуацијата.
After a fight in the Military Bowl, referee Jonathan Noli called the ejection of 8 players like it was bingo night while umpire Rod Tucker received medical attentionpic.twitter.com/YQPnHVRE90pic.twitter.com/jJZjVi08x1
— Fᴏᴏᴛʙᴀʟʟ Zᴇʙʀᴀs🇺🇦 (@footballzebras) December 29, 2024
Во целиот хаос најмногу настрада еден од судиите кој немаше среќа, па една кацига која беше фрлена завршила директно во неговата глава. Дури осум играчи биле исклучени.