Екипата на ФАР Рабат на домашен терен беше елиминирана во Купот на Мароко откако со 0:2 загуби од Махреб ФЕЗ. Поразот на ФАР беше причина веднаш по завршување на дуелот, домашните навивачи да направат голем инцидент.
https://twitter.com/i/status/1503044128141201412
Стотина домашни навивачи успеаја да влезат на теренот, дури и да ги пробијат полициските кордони во обид да дојдат до фановите на гостинскиот тим. Се случи голем неред, во кој беа повредени и упасени над 160 луѓе, од кои повеќето беа со помали повреди.