Некогашната голема фудбалска надеж на Холандија, Ројстон Дренте, играше за Реал Мадрид, но не успеа да направи кариера каква што му се предвидуваше од стручњаците, а периодов заплива во актерските води.
Дренте, кој во 2007 година откако беше МВП на ЕП за младинци, од Феенорд премина во Реал, важи за една од најголемите трансфер-утки на Кралскиот клуб. Сега Дренте има 32 години и игра во третата холандска лига, за аматерскиот клуб Козакен бојс. Едно време се обиде и како рап музичар, сними една песна.
Сега се појавува во серијата „Мокро мафија“ која се прикажува во Холандија, а во која тема се банди и трговија со кокаин во Амстердам.