Весли Фофана, талентираниот стопер на Лестер, испушти прилика да дебитира во репрезентацијата на Франција поради што на 10 јуни ќе се жени.
Фофана требаше да биде замена за повредениот Рафаел Варан во составот на Дидие Дешамп, меѓутоа датумот за свадбата го оневозможи да го облече националниот дрес.
Поради тоа, Дешамп посегна по третата опција и го повика Ибрахима Конате од Ливерпул за овој репрезентативен циклус.
Инаку, светските шампиони вечерва гостуваат во Сплит каде што ќе се соочат со Хрватска во репризата од мундијалското финале од 2018 година.