Требаше да му биде соиграч на Чурлинов во Шалке, но навивачите не сакаат играч со контроверзно минато

Серхио Енрик, 31-годишниот шпански напаѓач, остана без ангажман откако му пропадна трансферот во Шалке 04 по интервенција на навивачите. Имено, тие не сакаат клубот за којшто навиваат да има член кој бил вмешан во секс-скандал и има нарушена репутација.

Енрик додека беше фудбалер на шпанскиот Еибар, во 2016 година заедно со Антонио Луна се гонеа за неовластено објавување на видеоснимка во која двајцата играчи имале односи со една девојка. Обвиненијата беа отфрлени поради недоволно докази, иако им се закануваше затворска казна од две години.

Поради тоа, Енрик нема да потпише со германскиот второлигаш, каде што требаше да биде соиграч на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој е на позајмица од редовите на Штутгарт.

- Оглас -

Најнови вести