Требаше да поминат повеќе од 10 години за Меси и Роналдо да го направат тоа

Кристијано Роналдо и Лионел Меси се двајцата најдобри стрелци во историјата на Лигата на шампионите. Тие се единствени кои ја имаат надминато бројката од 100 погодоци во елитната лига на УЕФА, а дека се вистински машини за погодоци, потврдија и синоќа.

Роналдо даде еден гол за Јувентус, но, за негова жал, тој не беше доволен за „старата дама“ да оди во полуфиналето. Меси погоди двапати против Манчестер јунајтед во триумфот од 3-0 и стигна до 110-тиот гол во 133 средби. Аргентинецот сепак е далеку од рекордот на Роналдо, кој има постигнато 126 погодоци во 162 средби во ЛШ.

Тоа што е помалку неверојатно е фактот дека двајцата најдобри стрелци во ЛШ немаа погодено во ист ден повеќе од 10 години. На 11 март 2009 година Меси погоди во победата од 5-2 против Лион, додека истата вечер Роналдо како играч на Манчестер јунајтед даде гол во триумфот против Интер од 2-0.

Од тој 11 март 2009 година сè до синоќа се немаше случено да се поклопи двајцата најдобри стрелци во историјата да погодат во ист ден.

 

- Оглас -

Најнови вести