Требаше да се игра без публика, а полицијата го забрани мечот поради можни нереди

Аргентинската полиција им нареди на клубовите Годој Круз и Индепендиенте Ривадавија да не го играат закажаниот пријателски натпревар, кој требаше да се игра без публика во градот Томба.

Причина за ваквата одлука е што полицијата се плашела дека има можност за тепачка помеѓу навивачите на двата клуба. Полицијата дознала дека фановите се договарале да се соберат пред стадион, иако мечот е од затворен тип. Ако им се дозволеше да бидат блиску едни до други, сигурно ќе имаше масовна тепачка.

Ова се ривалски клубови, Годој е во првата дивизија, додека Индепендиенте е во првата национална лига. Последен пат кога се сретнаа меѓусебе на официјален меч, во 2016 година, имаше големи инциденти, беа искршени многу столчиња, и полицијата одвај ги смири воинствените навивачи.

- Оглас -

Најнови вести