Трема ги фати Аѕурите во финишот, Шпанија е во четвртфинале

Шпанија ја запиша и четвртата последователна победа на Мундобаскетот, совладувајќи ја селекцијата на Италија со 67:60. Црвената фурија доста се намачи да го запише потребниот триумф со кој обезбедија пласман во четвртфиналето, бидејќи Аѕурите беа рамноправни противници сè до последните неколку минути од средбата.

По катастрофалното отворање, Шпанците се консолидираа и за четири минути надополнија -10 негатива за израмнување од 18-18 по првата четвртина. Резултатот се менуваше по секој следен напад, а на паузата италијанскиот состав замина со пола кош предност. Неизвеснота продолжи и во остатокот од средбата, а во моменти кога се одлучуваше победникот, Италијанците ги фати трема, по што избраниците на Серџо Скариоло ги искористија своите напади и дојдоа до посакуваниот резултат.

Рики Рубио и Хуанчо Ернангомес ја предводеа Фуријата со 16, односно 15 поени, додека кај поразените најрасположен беше Галинари со 15 поени.

Шпанците во следниот меч ќе ги одмерат силите со Србија во битка за првата позиција во група Ј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести