Тренер добил срцев удар откако славел златен медал, докторите му го спасиле животот

Селекторот на боксерската репрезентација на Узбекистан, Тулкин Киличев, имал срцев удар откако го славел златниот медал на неговиот олимпиец, Хасанбој Дусматов. На тренерот одеднаш му се слошило, па присутните почнале да бараат доктор.

Повикот го слушнал британскиот физиотерапевт Роби Лил, кој се наоѓал во комплексот „Роланд Гарос“ и заедно со неговиот колега Хари Синг го зеле дефибрилаторот и веднаш притрчале да помогнат. Започнала реанимација на узбекистанскиот тренер, а по 30-тина секунди тој се вратил при свест.

„Слушнав повик за помош. Хари прв реагираше, а јас ја зедов торбата за прва помош и тргнав по него. На почетокот не реагираше, но по 30-тина секунди се врати при свест. Одеднаш се освести и тоа беше одлично. Многу луѓе беа вознемирени, ни требаше време да направиме простор“, велат Британците.

Киличев веднаш бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност.

- Оглас -

Најнови вести