Тренерот на италијанскиот третолигаш Лукезе, Џанкарло Фаварин, доби петмесечна суспензија поради насилно однесување и напад на противничкиот тренер на мечот против Алесандрија. Се играше 96-тата минута, резултатот беше 2-2 кога Фаварин го нападна стратегот на гостите, Гаетано Манчино.
Делегатот на мечот во записникот навел дека Фаварин и пред бруталниот напад на колегата од спротивната страна, имал дивјачко однесување. Тој постојано викал, дури и со пцовки ги навредувал своите играчи, кои ги советувал дека треба да им кршат нозе на противничките играчи на теренот.
Освен Фаварин, суспендиран е и повредениот тренер на Алесандрија, Манчино. Тој ќе мора да паузира на следните два меча поради караницата со Фаварин и неспортското однесување.