Тренер на Реал доби отказ поради критиките кон Крос и Касемиро

Тренерот на школата на Реал Мадрид, Алваро Бенито, доби отказ поради критиките кои ги даде на адреса на двајца играчи на Кралскиот клуб. Бенито мисли дека Тони Крос и Касемиро се играчи кои не требало да одиграат ниту една минута на дербито против Барселона во реванш-средбата од Купот на Шпанија.

Реал Мадрид загуби со 0-3 на „Сантијаго Бернабеу“, а Бенито во ТВ-емисија јавно го кажал своето мислење. Поради тоа доби и отказ.

„Винисиус е одличен играч и сите сме изненадени од неговата игра. Проблем е тоа што има играчи како Крос и Касемиро, кои не треба да играат ниту една минута“, рече Бенито.

Крос и Касемиро уште утре ќе имаат шанса да му докажат на Бенито дека не е во право и дека заслужено се дел од Кралскиот клуб. Реал Мадрид повторно игра Ел Класико против Барселона во Мадрид, но овојпат се работи за дуел од Примера дивисион. Што се однесува за тренерската позиција во младинската селекција, легендата на „кралевите“ Раул Гонзалес, ја доби довербата од управата.

 

- Оглас -

Најнови вести