7.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Тренер од клубот во кој Меси ја започна кариерата е еден од кандидатите за нов кормилар на Вардар

Специјално од Сиде, Турција

Трајан Маневски

Вардар интензивно е во потрага по наследникот на Гоце Седлоски. Тренерот кој успеа да ги врати Црвено-црните на победнички патеки ги одработува последните месеци од клупските обврски, а потоа ќе се посвети само на работата во македонската репрезентација, откако неодамна беше назначен за селектор националниот тим.

Странец или домашен тренер да биде наследникот на Седлоски?

Во кулоарите се споменуваат шест имиња, три на странски стратези, плус три на домашни. Аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани е еден од најсериозните кандидати.

Тоа е тренер кој последно има работено во Њуел олд бојс, клубот во кој кариерата ја започна Лионел Меси. Фабијани неодамна одбил понуда да биде селектор во репрезентација од Централна Америка.

Освен Фабијани, во опција меѓу странските кандидати се Французинот Ромаин Фолз, како и Полјакот Пјотр Висоцански.

ОД ДОМАШНИТЕ ТРЕНЕРИ НА ЛИСТАТА СЕ ТРОЈЦА

Од македонските тренери, во опција за шеф на струшниот штаб е Матија Мирков кој и сега е дел од Црвено-црните. Тука се споменуваат и имињата на искусниот Борче Христов, како и Горан Здравков, кој е предводник на второлигашот Детонит.

Секако, можно е да има уште некој кандидат, а на управата на Вардар ѝ остануваат уште неколку месеци за да го најдат вистинското решение за наследник на Седлоски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести