Во меч од бразилската петта лига се случи еден невообичаен инцидент. Тренерот на Депортиво Феровијари, Рафаел Соријано, доби отказ поради напад на линиската судијка.
На полувреме од мечот, тренерот им беше лут на судиите, дојде до нив и револтирано почна да им се дере. Главниот судија му покажа жолт картон, по што Соријано дополнително збесна и со глава директно во носот ја удри помошната судијката Марцијели Нето.
Освен што доби црвен картон за овој потег, тренерот по мечот доби и отказ од клубот.
„Ние сме против секаков вид насилство, посебно врз жените. Во име на клубот ѝ се извинуваме на судијската Нето, а поради ова што Соријано го направи, тој повеќе нема да биде тренер на клубот“, стои во соопштението на бразилскиот клуб.