Производителот на спортска опрема „Лакост“, кој е спонзор на Новак Ѓоковиќ, најави дека наскоро ќе ја пушти во продажба тренерката со број 22, која српскиот тенисер ја носеше кога по десетти пат го крена шампионскиот пехар во Мелбурн.
„Лакост“ одлучи да произведе само 22 примерока од белата тренерка на која беше дизајниран бројот 22, и тоа од „алигатори“ кои го претставуваат логото на производителот. Тренерката беше изработена во чест на 22-рата гренслем-титула на Новак Ѓоковиќ.
https://twitter.com/Lacoste/status/1619994753671766019?s=20&t=FdiTRGTiGV4DaP4u8RnaQw
„Лакост“ најави дека тренерката ќе се продава за 250 евра.
Францускиот производител исто така најави дека ќе пушти во продажба и нова тренерка со бројот 23 доколку Ѓоковиќ триумфира на следниот гренслем-турнир, Ролан Гарос, кој ќе се игра од 28 мај до 11 јуни.