Тренерката на Григор Димитров е главен хит на ОП на Австралија

Што е ова што го носи Гришо беше најчестото прашање кое си го поставуваше публиката кога го виде Григор Димитров на загревањето пред мечот со Хуан Игнасио Лондеро од првото коло на Отвореното првенство на Австралија во тенис.

Најдобриот бугарски тенисер беше критикуван за стајлингот, а по победата од 3-1 во сетови, даде свое објаснување што му значеше виолетовата тренерка со жолти точки.

„Генерално, немам против да носам што било. Мислам дека опремата е убава, всушност ја сакам. Сакам бои, сакам да експериментирам, а кога сум на терен, не мислам на тоа. Најважно е да се чувствуваш удобно и пријатно. Имам среќа што во „Најки“ го знаат моето мислење за овие работи”, рече Димитров.

На натпреварот тој играше облечен во „нормална“ маичка и шорцеви, па коментарите беа само за тренерката.

- Оглас -

Најнови вести