37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Тренерот Гасперини најави дека ќе ја напушти Аталанта

Се ближи крајот на престојот на тренерот Џанпјеро Гасперини на клупата на Аталанта, откако после поразот од Бриж во Лигата на шампионите рече дека Адемола Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали кои го видел.

Лукман кој е прв стрелец на тимот и утна важен пенал по кој тимот беше елиминиран, беше изненаден и навреден од коментарот на Гасперини.

„Сè има почеток и крај. Договорот нема да биде обновен, ќе видиме дали ќе го завршам во 2026 година или ќе се разделиме по оваа сезона. Моите зборови не беа кажани со намера да навредам некого“, изјави Гасперини кој работи во Аталанта од 2016 година.

Под негово водство, тимот три пати беше третопласиран во Серија А и ја освои Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести