Хрватскиот прволигаш Осиек во средата одигра тренинг натпревар во Австрија против локалниот клуб ФК Рајфајзенбанк и победи со 16-0.
Утрото по победата требаше да биде слободно за играчите на Осиек, но италијанскиот тренер Федерико Копители не беше задоволен и не им даде одмор.
Наместо одмор, Копители ги собрал играчите и во многу долг монолог им објаснил колку е незадоволен од ноншалантноста и тактичката неодговорност на играчите во текот на мечот. Тој им објасни на фудбалерите дека нема да толерира вакво однесување, а особено беше незадоволен од играчите кои играа во вториот дел.