11.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Тренерот и најдобриот играч на Аталанта во жестока расправија, клупата спречи поголем инцидент (Видео)

Аталанта со голот на Самарџиќ во 90-тата минута победи со 0-1 на гостувањето кај Марсеј, но 15-тина минута претходно се случи инцидент на гостинската клупа. Тренерот на Аталанта, Иван Јуриќ, направи измена и во игра во внесе Муса на местото од првата ѕвезда на екипата, Адемола Лукман.

Нигериецот незадоволен од измената, нешто му дофрли на Хрватот, кој го фати за рака и започна расправија, која лесно можеше да премине и во физичка пресметка доколку не реагираа останатите членови на стручниот штаб на Аталанта. Според „Скај спорт Италија“, кавгата помеѓу Јуриќ и Лукман продолжила и по натпреварот.

Сепак, Јуриќ на официјалната прес-конференција се обиде да ја спушти топката и инцидентот да го карактеризира како вообичаен.

„Тоа е вообичаена работа, ја коментираме секоја недела. Неодамна исто беше кога Кевин де Бројне беше заменет во Наполи. Постојат фудбалери кои не се задоволни кога пред крајот на натпреварот мора да одат на клупата, тогаш не реагираат добро. Таквите работи ги решаваме во соблекувалната“, рече Јуриќ.

 

- Оглас -

Најнови вести