Тренерот Јакини и Касерес од Фиорентина суспендирани поради богохулие

Џузепе Јакини, тренерот на Фиорентина, и дефанзивецот Мартин Касерес добија суспензии поради бласфемија (богхулие). Одлуката ја донесе дисциплинскиот комитет на Италијанската фудбалска федерација. Јакини е суспендиран на еден, а Уругваецот Касерес на два меча забрана за настап.

Јакини и Касерес прекршокот го направиле по ремито против Бреша од 1-1 во меч од 27-мото коло во Серија А. По завршувањето на средбата, тренерот и играчот не можеле да си ги исконтролираат емоциите и употребиле бласфемични зборови кои се неприфатливи во Италија и навредите од таков тип се третираат како најнавредливи во италијанското општество.

Виолетовите на следниот меч против Лацио нема да сметаат ниту на Федерико Киеза, но тој е суспендиран поради жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести