Тренерот кој го наследи Рубен Аморим во Спортинг е пред отказ?!

Рубен Аморим во ноемвриската репрезентативна пауза си замина од Спортинг Лисабон и се пресели во Манчестер јунајтед, а за негов наследник беше назначен тренерот на втората екипа, Жоао Переира. Аморим кога си одеше од Лисабон, го остави клубот со серија од 18 натпревари без пораз, но новиот тренер освен победата на куп-натпреварот против Амаранте, нареди четири порази во првенството и во Лигата на шампионите.

Последниот кикс против Жил Висенте значеше дека Спортинг ја изгуби првата позиција на табелата, па португалските медиуми најавуваат дека Переира ќе добие отказ само по еден месец откако беше назначен за прв тренер на екипата.

Најсериозен кандидат за наследник на Переира е тренерот на Виторија Гимараиш, Руи Борхес.

- Оглас -

Најнови вести