Тренерот кој ја донесе титулата во ПСЖ може да биде нов стратег на Елмас

Наполи ја освои титулата во Серија А по пауза од повеќе од три децении, а и покрај пехарот, кој толку многу се чекаше, екипата ќе има нов тренер за новата сезона. Лучано Спалети испиша историја со Наполи, но најави дека ќе си оди поради недоразбирање со газдата Аурелио де Ларуентис.

Повеќе имиња продефилираа како можни наследници на Спалети, а последен во низата е Кристоф Галтие. Францускиот стратег во сезоната којашто измина беше на клупата на Пари Сен Жермен и ги предводеше Светците до трофејот во првенството.

Галтие е тренер кој веќе има работено со Виктор Осимен, и тоа во екипата на Лил, па сега би имале шанса за повторно спојување. Се очекува Галтие да добие шест милиони евра отштета за предвремен раскин на договорот со ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести