Тренерот кој на ЛА Лејкерс му ја донесе последната титула, следната сезона ќе го предводи Феникс

Управата на Феникс санс одлучи нов тренер на Сонцата да биде Френк Вогел, објави новинската агенција Асошиејтед прес.

Вогел во својата кариера беше тренер на Индијана пејсерс, Орландо меџик и Лос Анџелес лејкерс и токму со Езерцата во 2020 година ја освои титулата, која е 17-та во клупската историја. Токму ЛА Лејкерс и Бостон селтикс се екипи со највеќе шампионски титули во НБА.

Вогел во досегашната тренерска кариера има скор од 431 победа и 389 порази во регуларниот дел, додека во плејофот има учинок од 49 победи и 39 порази.

Феникс санс во 55-годишната историја, нема шампионска титула, а сезонава иако во тимот има ѕвезди како Кевин Дурант, Девин Букер и Крис Пол, беше елиминиран од Денвер нагетс во полуфиналето на Западната конференција.

- Оглас -

Најнови вести