Спортинг Лисабон е прв финалист во Купот на Португалија откако во реваншот против Бенфика одигра 2:2. Првиот дуел заврши со триумф на Спортинг од 2:1 и со вкупни 4:3 обезбеди пласман во финалето.
Спортинг двапати водеше, а Бенфика успеваше да израмни, но не успеа да направи пресврт и го заврши настапот во полуфиналето.
Спортинг поведе на стартот од второто полувреме преку Мортен Хјулманд, а Бенфика успеа да израмни во 53-тата минута преку Николас Отаменди.
Само две минути подоцна Паулињо повторно му донесе предност на Спортинг, а конечниот резултат го постави Рафа Силва во 64-тата минута.
Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, кој најверојатно од следната сезона ќе го предводи Ливерпул, има одлична шанса со двојна круна да се прости од сегашниот тим.
Спортинг во финалето на Купот на Португалија ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Порто и Виторија Гимараиш.
Во португалскиот шампионат, Спортинг е лидер на табелата со 68 бода, еден повеќе од Бенфика, но има и натпревар помалку од големиот ривал и со евентуален триумф ќе избега на плус четири.