Тренерот кој шест години беше во Сити и му беше „десна рака“ на Гвардиола сега е исфрлен од фудбалот

Долгогодишниот тренер во стручниот штаб на Манчестер сити и некогашна „десна рака“ на Пеп Гвардиола, Ричард Бредис, е суспендиран на една година поради нелегално обложување.

Во последната сезона тој работеше во тимот на Барнли, клуб кој испадна од Премиер лигата. Пред тоа дури шест години беше во Манчестер сити и им помагаше на Гвардиола и Мануел Пелегрини.

Овој стратег важи за еден од најголемите аналитичари во англискиот фудбал, кој често има и предавања на темата видеоанализи на фудбалски мечеви. Бредис заработи суспензија од 12 месеци откако му беа откриени и потврдени дури 456 обложувања, што е строго забрането за сите оние кои се активно вклучени во работењето. Тој ќе мора да плати и казна од 5.000 евра.

Често се обложувал на влезни и излезни трансфери во Манчестер сити, а тој демантираше дека имал сознанија за постапките во клубот. На еден тикет ставал и по 600 евра. Се обложил и на пораз на Сити во дуелот со Шахтар во 2017 година, кога англискиот гигант загуби со 2:1 во меч на кој не им беше од никакво резултатско значење.

- Оглас -

Најнови вести