Тренерот кој со Барселона загуби 8:2 од Баерн повторно ќе работи во Шпанија

Екипата на Вилјареал потврди дека Кике Сетјен е нивниот нов тренер. Сетјен доаѓа на местото на Унаи Емери, кој си замина од Жолтата подморница за да седне на клупата на Астон вила во Премиер лигата.

Сетјен е искусен стратег кој има големо искуство во шпанското првенство. Беше тренер на каталонскиот гигант Барселона, а бил и на клупата на екипите на Бетис, Лас Палмас, Луго и Логорњес.

Овој стратег беше без работа од август 2020 година, кога беше избркан од Барселона, што значи дека по повеќе од две години „одмор“, се враќа на тренерската работа. Сетјен беше избркан по срамниот пораз на Барселона од Баерн Минхен со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести