Тренерот кој со Лестер го направи најголемото чудо во Премиер лигата, за два дена ќе оди во пензија

Италијанскиот фудбалски тренер Клаудио Раниери објави дека кариерата ќе ја заврши на крајот од сезоната.

Последен меч во кариерата ќе му биде тој меѓу неговиот Калјари и Фиорентина, кој ќе се игра за два дена. Интересно е што токму со овие два тима, Раниери оствари голем белег во италијанскиот фудбал.

Тренерската кариера ја започна токму во Калјари, во 1988 година, кога екипата од третата лига успеа да ја внесе во Серија А.

Следен клуб му беше Наполи, а потоа седна на клупата на Фиорентина, која во 1944 година успеа да ја внесе во Серија А, а две години подоцна триумфира во Купот на Италија. Раниери во кариерата ги водеше и Валенсија, Атлетико Мадрид, Челзи, Јувентус, Интер, Рома, повторно Валенсија, Парма и Монако, по што за првпат стана селектор, и тоа на репрезентацијата на Грција.

Со следниот клуб го направи најголемиот успех, со Лестер ја испиша најубавата фудбалска бајка во историјата на Премиер лигата и ја освои шампионската титула во 2016 година.

Во 2022 година се врати во тимот во којшто ја започна тренерската кариера за сега токму како тренер на Калјари да замине во пензија.

- Оглас -

Најнови вести