Тренерот кој со Реал Мадрид освои две титули во Евролигата, е нов тренер на Баерн

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Пабло Ласо, во следната сезона ќе го предводи германскиот Баерн Минхен, објавија Еурохупс и „Марка“.

Управата на Баерн е незадоволна од игрите на клубот во Евролигата, одлучи на крајот од сезоната да се раздели со актуелниот тренер Андреа Тринкиери, и негова замена да биде трофејниот шпански тренер кој сезонава ја пропушти поради проблемите со срцето.

Според „Марка“, Ласо веќе потпишал трогодишен договор со Баерн кој има големи амбиции за следната сезона. Управата на германскиот тим му ветила на Ласо дека ќе има доволно голем буџет за да состави тим по сопствен вкус, а екипата ќе игра во нова сала.

- Оглас -

Најнови вести