Тренерот кој со Црвено-белите стана европски шампион возел во спротивна насока и предизвика сообраќајка во Белград (Видео)

Српскиот тренер, Љупко Петровиќ (76) предизвика сообраќајна несреќа откако со неговиот автомобил возел во спротивна насока на новата обиколница кај Белград, Србија.

По сообраќајната несреќа, Петровиќ е уапсен, а алкотестот покажал дека тренерот кој со Црвена звезда во 1991 година стана европски шампион, бил трезен, односно имал 0.00 промили.

https://twitter.com/i/status/1674505868392427533

Според српските медиуми, полицијата тргнала во потера во Петровиќ, кој наместо да го запре автомобилот, продолжил да вози во обратна насока и на крајот се удрил во друго возило.

- Оглас -

Најнови вести