Тренерот кој треба да биде нов селектор на Македонија е фудбалски номад

Црногорскиот стратег Миодраг Божовиќ се најавува како потенцијален нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, барем според пишувањата во дел од српските медиуми. Божовиќ е прилично анонимно име за пошироката македонска јавност, а тоа е тренер кој работи повеќе од две децении.

Тоа што е впечатливо за кариерата на Божовиќ е дека едноставно тоа е стратег кој не се задржува долго време во една средина. Во тренерската кариера никаде се нема задржано повеќе од една сезона, па од 2000 година до 2022 година дури 20 пати ја променувал средината во којашто работел.

Само во три случаи Божовиќ успеал да се задржи повеќе од една сезона на една позиција. Првпат тоа било во Ростов во Русија, каде што има работено од 2012 до 2014 година. Во 2015 година станува тренер на Црвена ѕвезда, каде што останува две сезони, а потоа повторно се враќа во Русија. Во 2018 година е дел од Крилја Советов, каде што останал до 2020 година. Последен негов клуб е Арсенал Тула, во којшто работел во сезоната 2021/22, а овој тим завршил како последен во руската Премиер лига само со пет победи од 30 меча и затоа испадна од елитата.

- Оглас -

Најнови вести