Тренерот кој вечер ќе го води Реал, со Зидан се запознале благодарение на биде во тоалет

Зинедин Зидан е позитивен на коронавирус, па вечерва од 21 часот нема да го води Реал Мадрид на гостувањето кај Алавес во Виторија, туку на клупата на Реал како главен тренер ќе биде Давид Бетони, човекот кој долги години е десна рака на Зизу. Бидејќи Зидан ќе го нема на клупата, Бетони треба да биде и раце, и очите, и гласот, и мозокот на Зидан.

Не му е првпат да го води Реал на еден натпревар, тоа се случи и на ланските подготвителни мечеви во Монтреал, кога Зидан ја напушти Канада по смртта на брат му.

Пред Реал е тешко гостување кај тим кој слави 100-годишнина од своето постоење, плус тоа Алавес во ноември славеше против Реал во Мадрид. Проблем за Реал се отсуствата на капитенот Рамос, Начо и бекот Карвахал без кои одбраната воопшто не е иста, во средина ќе го нема борбениот Валверде, а нападот не е убоит откако се повреди Родриго. Плус тоа, ќе го нема и шефот Зидан, па на Бетони нема да му биде лесно против тимот чиј тренер е некогашниот фудбалер на Барселона, Абелардо .

Шпанските медиуми објавија една интересна приказна околу тоа како се запознале Бетони и Зидан. Тоа се случило пред повеќе од 30 години кога Бетони имал плускавци и требало нозете да си измие во биде, а биде во тоалетот од сите играчи на Кан имал само Зидан кој тогаш имал 17 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести