Ерик тен Хаг со холандскиот великан Ајакс прави вистинско чудо изминативе сезони во Лигата на шампионите.
Пред неколку години, тој и тимот од Холандија дојдоа до четвртфиналето, каде што несреќно беа елиминирани од Тотенхем, а оваа сезона, „газат“ во својата група.
Сосема очекувано, тоа привлече внимание кај новите сопственици на Њукасл, коишто се обидоа да го ангажираат тренерот, но тој не сакаше да си замине од овој тим.
„Ќе бидам будала ако си заминам од Ајакс и отидам во Њукасл.
Овде ми е навистина убаво, во фудбалот не се најважни парите, туку резултатите и успесите, а и да работиш во убава атмосфера“, изјави Тен Хаг.
Ајакс веќе обезбеди пласман во понатамошната фаза од Лигата на шамионите имајќи максимални 12 бода во групата Ц по четири одиграни кола.