Тренерот на Алкарас нема дилеми: Новак е најдобриот тенисер на сите времиња

Новак Ѓоковиќ денеска од 18 часот ќе игра во финалето на завршниот АТП Мастерс турнир во Торино против Јаник Синер, а до мечот за титулата дојде по синоќешната победа над младиот Шпанец, Карлос Алкарас, чиј тренер со една изјава сигурно ги налути фановите на Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Хуан Карлос Фереро, изјави дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата и дека синоќа сосема заслужено го победи Алкарас во два сета (6:3,6:2).

„Карлос мора да научи дека сезоната е долга и дека тоа е негова работа и дека не може да има одмор колку што тој би сакал. Ако сака да биде најдобар, мора да се однесува како најдобрите и да биде професионалец постојано. Тоа мора да го прифати. Кога останавме во соблекувалната му реков дека има голема предност на ваква подлога и дека ќе игра добро, но и дека ни е потребно време. На крајот, мечот заврши со лошо чувство, некако се чувствуваме инфериорно иако мислам дека тоа е далеку од реалноста. Сите знаеме дека Новак Ѓоковиќ и најдобриот тенисер на сите времиња и дека моментно е во најдобра форма“, изјави Фереро.

- Оглас -

Најнови вести