27.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Тренерот на Аталанта без да знае ја смени првата ѕвезда на дербито со Лацио

Аталанта на свој терен загуби од Лацио со 0:1 и продолжи лошата серија на тимот од Бергамо. За Аталанта ова беше трет пораз по ред и тимот сега речиси целосно ги загуби шансите да се бори во трката за титулата во Серија А.

На овој меч во Бергамо, тренерот на домаќините Џанпјеро Гасперини направи еден лапсус за кој не беше ни свесен. Во 74 минута, од игра излезе ѕвездата на тимот, Адемола Лукман, а на негово место влезе Лазар Самарџиќ.

Малку нејасно беше зошто Лукман излегува од игра во моменти кога Аталанта треба да нападне и да се обиде да постигне гол за израмнување.

По мечот, беше откриено дека таа замена била грешка. Гасперини бил подготвен од игра да го извади Едерсон, но кога му довикнал на својот помошник рекол од игра дека треба да излезе Еде, а помошникот слушнал дека од игра треба да излезе Аде. Затоа место Едерсон, од игра излезе Адемола Лукман.

Дури откако била направена замената, Гасперини сфатил дека има грешка. Неколку минути подоцна од игра излезе и Едерсон.

„Да тоа беше грешка. Само Матео Реегети беше правилно заменет и беше вистинска измена. За жал имаше недоразбирање околу тоа дали Аде или Еде треба да излезе од игра. Направивме збрка. Едноставно ова не беше наш ден“, призна Гасперини по поразот.

- Оглас -

Најнови вести