Аталанта неочекувано загуби од Бриж на домашен терен со 1-3 во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога гостите од Белгија имаа предност од 0-3, но во второто полувреме домашните имаа шанса да се вратат во игра. Лукман погоди за 1-3, а во 61-вата минута не реализираше пенал.
„Првото полувреме требаше да заврши со резултат 2-1, но заврши со 0-3. Ова е натпреварување кое се одвива по епизоди. Мислам дека во двата натпревари имавме повеќе шанси, но тие ги искористија своите. Ова е екипа која може добро да го заврши првенството. Пеналот на Лукман? Тој е еден од најлошите изведувачи на пенали кои некогаш сум ги видел. Дури и на тренинг шутира многу лошо. Тука беа Де Кетелар и Ретегуи, а Лукман ја зеде топката во бранот на еуфорија. Тоа е гест кој апсолутно не ми се допаѓа“, вели тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.