Тренерот на Баерн дивееше по поразот во Менхенгладбах, влезе и во собата на судиите за да се расправа, на крајот ги нарече безрбетници

Баерн Минхен вчера загуби на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 3:2, а по натпреварот, свое „шоу“имаше тренерот на баварците, Јулијан Нагелсман, кој не беше задоволен од судењето.

Баварците уште во осмата минута останаа со играч помалку по исклучувањето на Дајот Упамекано, и тој момент го одлучи натпреварот бидејќи домаќинот ја искористи предноста од играч повеќе и дојде до победата.

Весникот „Билд“ пишува дека Нагелсман, дивеел по последниот свиреж на судијата, прво истрчал во микс-зоната и пред новинарите им се дерел на судиите: Тоа е шега? Дали ме зафркаваш или што?

Потоа удрил со тупаница по вратата од собата во која биле судиите, а неколку моменти подоцна и влегол во собата каде се обидел да ги убеди судијата Тобајас Велц и неговите помошници дека погрешиле што му доделиле црвен картон на Упамекано.
Откако не успеал во својата намера, Нагелсман ја напуштил собата и пред новинарите судиите ги нарече „безрбетници“.

Откако се смири, Нагелсман се извини за својата постапка.

„Емоциите се дел од спортот, но морам да се извинам за изборот на зборови што му ги упатив на судијата Тобијас Велш и на неговите помошници. За жал, очигледно отидов предалеку“, изјави Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести