Тренерот на Баерн е задоволен иако неговиот тим загуби првпат по две години во ЛШ

Баерн Минхен упати вкупно 31 удар кон голот на Пари Сен Жермен, но успеа да постигне два гола, што беше премалку да се избегне пораз од ПСЖ. Гостите од Франција шутнаа само четири пати кон голот на Баерн, од кои четири удари беа во рамките на голот на Мануел Нојер, а три завршија во мрежата.

Поразот од 2:3 е прв за тренерот Ханс-Дитер Флик во Лигата на шампионите. Стратегот кој минатата година ги оведе Баварците до титулата во елитното натпреварување на Европа, до овој меч имаше 15 победи и само едно реми. Сега првпат загуби, но Флик вели дека е задоволен од начинот на којшто играле неговите фудбалери.

„Противникот даде три гола, а создаде само неколку шанси. Ние имавме многу повеќе можности за гол. Можевме да имаме добар резултат, но денеска реализацијата ни беше слаба. Како и да е, задоволен сум од перформансот и начинот на кој одигравме на овој меч“, рече Флик, чиј тим имаше целосна доминација на теренот, со посед на топка од 61 отсто, со 15 изведени корнери, со многу повеќе опасни напади, но на крајот резултатот е на страна на ПСЖ.

Тренерот на Баерн потенцираше дека не го обвинува Нојер за првиот примен гол и додаде дека Баерн Минхен го има најдобриот чувар на мрежата кој многупати со неговите одбрани му носел многу триумфи на баварскиот гигант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести