Тренерот на Баерн Минхен е самокритичен: Цел ден да игравме, пак немаше да победиме

Баерн Минхен одигра навистина бледа партија против Вилјареал и по првата средба од гостувањето во Шпанија има негатива од 1:0.

Баварците беа далеку под своето препознатливо ниво, а доказ за тоа е и податокот дека првиот удар во рамките на голот го упатија дури во второто полувреме.

„Цел ден да игравме, пак немаше да победиме и на крајот сосема заслужено изгубивме.

Во првото полувреме немавме сила во одбраната, додека офанзивата беше целосно загубена. Сепак, ќе го прифатиме овој пораз од 1:0 знаејќи дека можевме многу полошо да поминеме. Ветувам дека на реваншот во Минхен ќе гледате еден друг, поинаков Баерн“, изјави тренерот на овој тим, Јулијан Нагелсман.

 

- Оглас -

Најнови вести