Тренерот на Баерн се налути и објасни дека тој не им е татко на фудбалерите

Баерн Миинхен и оваа сезона ја потврди доминацијата во Бундеслигата и без многу проблеми стигнаа до јубилејната 10-та титула во низа. Иако веќе ја прославија титулата, фудбалерите на Баерн веќе ги разочараа своите навивачи, откако во последното одиграно коло загубија со 3:1 на гости кај Мајнц.

По поразот од Мајнц, голем дел од фудбалерите заминаа на мини одмор на Ибица во Шпанија, а легендата на Баерн Минхен, Лотар Матиус, веднаш ги искара. „Недозволено е такво однесување по загубен меч. Да бев јас тренер, ќе ги казнев. Немаше да им дадам слободни денови по таков лош меч“, изјави Матеус.

Баерн в недела на свој терен го пречекува Штутгарт, а тренерот Јулијан Нагелсман беше запрашан што мисли за одлуката на неговите фудбалери да одат да ја слават титулата во Шпанија и тоа веднаш по поразот од Мајнц.

„Како тренер јас сум одоговорен за тренинзите и подготовката за натпреварот. Фудбалерите се доволно возрасни за сами да одлучат што ќе прават во деновите што ги имаат за одмор. Тоа е оставено на нив самите. Не сум им јас татко“, одговори Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести