Тренерот на Барселона се чудеше: Срамота е тоа се прави цел меч

Кике Сетјен, тренерот на Барселона, им се извини на играчите поради однесувањето на неговиот помошник Едер Сарабија, кој беше фатен на телевизиска снимка како им се дере и ги навредува играчите за време на Ел Класико во Мадрид. Веднаш по дивеењето на помошникот-тренер и покажување на тие снимки во јавноста, капитенот Лионел Меси имаше разговор со тренерите и им посочи дека такви испади веќе нема да бидат толерирани.

„Сарабија е страстен тип, многу ни значи, но ќе мора да научи да се контролира. Веќе работиме на тоа. Сликата за клубот мора да биде перфектна и сите треба да работиме на тоа“, рече тренерот Сетјен, кој се извини за испадите на својот помошник.

Тренерот на Барселона беше зачуден како медиумите ја разгореа целата ситуација и како може да има камера која 90 минути ги снима реакции на тие што се на клупата.

„Срамота е тоа што го направија медиумите. Нѐ доведоа до незгодна ситуација. Не можам да верувам дека во текот на целиот меч има камера која е фокусирана на тоа што се случува на клупата. Што треба да правиме? Да молчиме цел меч? Да ја прекриваме устата со рака? Треба да се забрани постојано снимање на клупата“, вели Сетјен.

За целосно враќање на мирот во Барселона, каталонскиот клуб треба да слави на следниот меч во првенството против Реал Сосиедад.

 

- Оглас -

Најнови вести