Норвешкиот Бодо/Глимт е сензационален осминафиналист на Лигата на шампионите и тоа не на каков било начин, туку со две победи над големиот Интер. Тренерот на Норвежаните, Шетил Кнутсен, не го криеше задоволството по мечот на „Џузепе Меаца“ и рече дека неговите фудбалери се херои, но откри и што ги советувал.
„Да дојдеш овде, во овој фудбалски храм и да го победиш Интер е нешто во што малкумина веруваа дека е возможно. Но, за нас ова не е чудо, туку плод на години напорна работа. Патот до местото каде што сме сега не беше лесен и многу луѓе се вклучени во него. Тимот, стручниот штаб, медицинскиот персонал и сите што секојдневно работа зад сцената за да ги постигнеме овие мали успеси. Неверојатен број луѓе стојат зад овој успех. Им реков на момците пред натпреварот: ‘Не ги гледајте имињата на противникот, гледајте ја топката и верувајте во нашиот идентитет’. Денес тие беа херои. Интер е голем тим, но ние ги натеравме да се чувствуваат непријатно на сопствениот терен. Се гордееме со тоа. Ако треба да го сумирам натпреварот, мислам дека е јасно дека во првото полувреме изгледавме малку исплашено и нервозно. Не бевме лоши во одбраната, но не се осмелувавме да направиме ништо со топката и постојано ја губевме. По паузата многу подобро ја контролиравме играта. Не го замислувавме натпреварот да се одвива на овој начин, но голот за 2:0 беше фантастичен. Тоа е типично за нас – некако секогаш успеваме да се собереме кога е најважно“, рече тренерот на Бодо/Глимт, Шетил Кнутсен, по сензационалната елиминација на Интер.

