Борусија Дортмунд добро стартуваше во новата сезона и по првите три кола е на второто место на табелата, со седум бодови. Милионерите викендов ги чека тешко гостување и тоа кај Штутгарт, кој е нивни голем должник.
Во минатата сезона Борусија три пати играше против Штутгарт и три пати загуби (два пати во првенството со 2:1 и 1:0 и еднаш во Купот со 2:0). Тренерот на Милионерите, Нури Шахин вели дека е дојдено време неговиот тим да покаже дека има сили да се спротистави на Штутгарт.
„Одиме на гостувањето во Штутгарт со цел да победиме. Сакаме да покажеме различно лице од тоа што го имавме минатата сезона. Штутгарт е тим со јасна визија и несомнено тоа е многу силен состав“, вели Шахин.
Штутгарт по трите кола има по една победа, пораз и реми, со гол разлика од седум дадени и исто толку примени голови, што може да е најава на дерби против Борусија со многу погодоци.