Менаџерот на Брентфорд, Томас Френк, после поразот од Арсенал од 1-2, рече дека е горд на својот тим, особено за играта во одбрана, а истакна и дека Каи Хаверц кој го даде победничкиот гол во 86-та минута, 20 минути претходно требало да добие црвена картон.
Хаверц имаше жолт картон од првото полувреме, а во 66-та минута се обиде да одглуми пенал, падна во противничкиот 16-ник во обид да го натера судијата да досуди пенал, но ниту имаше пенал, ниту жолт картон за симулирање. Нов жолт картон за Хаверц е значеше и исклучување, па на Арсенал ќе му беше уште потешко да освои три бода.
„Горд сум на мојот тим и играчите, го лимитиравме Арсенал кој сезонава даде 100 гола, бевме речиси перфектни во одбраната. Мислам дека Хаверц не требаше да биде на терен кога го даде голот, имаше чиста глума од него и требаше да добие втор жолт картон во онаа ситуација. Можеби на судијата му беше тешко да види, но линискиот судија требаше да види и да сигнализира дека е намерен обид за глума“, рече Френк.