Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, беше воодушевен по освојувањето на трофејот во Конференциската лига. Неговиот тим го победи Бетис со 4-1 во финалето во Вроцлав и покрај тоа што губеше на полувремето. Италијанецот призна дека неговиот тим не пристапил добро кон натпреварот, но ги пофали своите играчи за нивната реакција во второто полувреме.
„Многу сум среќен. Бев малку разочаран во првото полувреме бидејќи мислам дека кон натпреварот пристапивме на погрешен начин. Очекував малку посериозен став. Како нашата радост да беше малку преголема по натпреварот со Нотингем форест бидејќи цела сезона чекавме на овој пласман во Лигата на шампионите. Значи, во првото полувреме имавме тешкотии, но во второто направивме промени, бевме многу подобри и сега сме многу среќни“, рече Мареска.
Само три дена пред финалето, Челзи на гости го победи Нотингам форест на гости во меч кој директно решаваше за место во Лигата на шампионите следната сезона.
„Пораката по натпреварот со Нотингам беше: „Луѓе, ако сакаме да бидеме голем тим, она што го направивме е направено и мора да го добиеме финалето.“ Но, тоа е, среќата, заморот бидејќи имавме 48 часа помалку од нив – тие играа во петокот за џабе, ние игравме во неделата за голема, голема цел, па очекував слична релаксација. Игравме многу подобро во второто полувреме“, додаде Италијанецот, кој објасни што значи за тимот оваа титула во Конференциската лига.
„Ова е само почетна точка. За да развиете победнички дух, мора да победувате на натпревари, да освојувате трофеи. Купот што го освоивме денес ќе нè направи посилни во иднина“, заклучи тренерот во реакцијата веднаш по мечот.