Тренерот на Челзи се закани: Дојдовме на клупското СП да победиме на сите мечеви

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, е полн со оптимизам пред стартот на неговиот тим на Светското клупско првенство. Челзи во првото коло од групната фаза ќе игра против Лос Анџелес, а во иста група се уште и екипите на Фламенго и Есперансе Тунис.

„Фудбалот ги зближува луѓето, а овој турнир ќе зближи многу култури. Среќен сум што учествуваме бидејќи тоа е турнир што ги обединува 32-те најдобри тима во светот. Возбудливо е да се биде дел од толку огромно натпреварување. Плус, имате можност да се соочите со други врвни тренери и некои тимови од светска класа.“

Мареска смета дека е добро што овој турнир е во САД.

„И минатото лето бевме во Северна Америка и беше одлично. Имаше толку многу фанови и ова ќе биде уште една можност за нив да дојдат и да нè гледаат, а ние да се запознаеме со нив. Тоа ќе биде одличен настан. Навивачите во Америка беа импресивни од самиот почеток. Што се однесува до културата, бразилските навивачи обично создаваат одлична атмосфера, тоа е дел од нивната култура. Тие се обично среќни и неверојатно забавни. Се надеваме дека ќе можеме да се погрижиме луѓето што ќе дојдат да го гледаат натпреварот на стадионот да се забавуваат одлично.

Кога си во Челзи, твојата цел е секогаш да победуваш. „Значи, нашата цел во секој натпревар секогаш ќе биде да се обидеме да победиме“, рече Мареска.

- Оглас -

Најнови вести