Динамо Загреб го претрпе првиот пораз во новата сезона во Првата хрватска лига, а на магливото (не)време во Осиек подобро се снајдоа домаќините и со голот на Рамон Миерез победија со 1:0.
Голот беше постигнат во 85. минута, односно во финишот на второто полувреме кога видливоста на „Градски врт“ во Осиек беше сериозно намалена поради маглата.
За Динамо цел меч одигра Стефан Ристовски, Аријан Адеми влезе во игра на стартот од второто полувреме, а хит е изјавата на тренерот на Модрите Анте Чачиќ.
„Во првото полувреме бевме слаби, а второто не го видов добро“, рече Чачиќ.
Динамо остана лидер во ХНЛ со 35 бода, пет повеќе од Хајдук и 8 од Осиек во трката на три тима за титулата во Хрватска.