Тренерот на Дортмунд со пофалби, но и критики за играта на Белингам помладиот

На помладиот брат на Џуд Белингам, Џоби, му беа потребни само два натпревари за да покаже квалитетот и да го постигне деби голот за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ славеа над Мамелоди од Јужна Африка со 4-3, а еден од головите беше дело токму на 19-годишниот Џоби Белингам.

Сепак, Нико Ковач, тренерот на Борусија Дортмунд во две реченици и го пофали, но и го критикуваше младиот фудбалер, односно ги откри неговите слаби страни.

„Џоби е силен, издржлив и има добро чувство за игра. Моментално сè уште се обидува да го усоврши тоа што го работиме на тренинзите во последните неколку месеци. На 19 години сè уште му недостасува дисциплина. Склон е да ја губи својата позиција, особено кога топката е во противничките нозе.“ – вели Ковач.

Борусија Дортмунд го купи Белингам помладиот од Сандерленд за 30,5 милиони евра непосредно пред почетокот на Светското клупско првенство во САД.

- Оглас -

Најнови вести